ПОЛИЦИЈАТА ВО ИНДИСКАТА ДРЖАВА ОДИША ЧУВА ГУЛАБИ -ПОШТАРИ ДОКОЛКУ ОТКАЖАТ СОВРЕМЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА КОМУНИКАЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Во денешната ера на напредна технологија и инстант комуникација, полицијата во источната држава Одиша, Индија, продолжува да одржува јато гулаби-поштари, како сигурно средство за комуникација во време на катастрофа, пишува весникот Times of India. 
Овoj обичај потекнува од времето на британското колонијално владеење кога полициските станици ги користеа гулабите за размена на пораки, додека „одредот“ гулаби – поштари на Одиша сега се состои од над 100 белгиски гулаби „Хомер“.
 
Гулабите-носачи, познати по нивните импресивни летачки способности, можат да патуваат со брзина до 55 км/ч (34 милји на час) и да поминат растојанија до 800 километри без прекин. Во текот на изминатите четири децении, овие извонредни птици се покажаа како непроценливи најмалку во два наврати.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *