ПО 14-ТИ ПАТ ТУРИСТИЧКО-ГАСТРОНОМСКА ИЗЛОЖБА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денеска, на отворената тераса во хотел „Аполонија“, се одржа 14-та по ред „Гастрономска изложба 2023 година“ во организација на Факултетот за туризам и бизнис-логистика во Гевгелија при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип. И овој пат студентите од овој факултет се претставија со своите стекнати знаења, вештини и искуство за развој на туризмот и гастрономијата.
На покана од Факултетот, на настанот присуствуваа.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, Проректорката на УГД,, Зденка Стојановска, Деканката на ФТБЛ, професор др. Татјана Бошков, претседателот на Југоисточниот плански регион, Ѓорги Камчев, како и директорката на хотел „Аполонија“, Зорица Маркова.
 
Сите тие го истакнаа значењето на Факултетот за туризам и бизнис логистика, кој е институција која неуморно учествува во поттикнувањето и развојот на специфичните форми на туристичката понуда на Општина гевгелија, со посебен акцент на културниот туризам. Притоа, беше нагласено значењето на факултетот, кој секоја година продуцира остручени кадри, кои својот работен ангажман најчесто го бараат и наоѓаат во хотелско-угостителските капацитети на ова подрачје. Гастрономијата ги поврзува луѓето, културното наследство и градовите како кај нас така и во странство.
 
На оваа изложба, со свои производи се претставија 25 ентитети од областа на гастрономската понуда на Општина гевгелија. Дел од храната која беше изложена на оваа изложба оваа година ќе биде донирана во хуманитарни цели на Црвениот крст од гевгелија и Народната кујна.
На настанот беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка помеѓу ФТБЛ и Општина Гевгелија, од страна на Градоначалникот Сарамандов и Деканката Бошков.
На манифестацијата настапија и членовите на Фолклорниот ансамбл „Бојмија“, кои го презентираа богатството на фолклорниот мелос од овој крај

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *