НЕКА Е ЧЕСТИТ 10 ЈУНИ, ДЕНОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Промоцијата на социјалната работа е клучна за секоја држава, но и голем императив за социјалните работници. Преку вклучувањето на социјалните работници во различни подрачја на делување се овозможува навремено идентификување на социјалните потреби и проблеми на граѓаните, нивна социјална превенција, заштита на човековите права, како и развивање на нивните потенцијали за активно вклучување во подобрување на квалитетот на живот.
 
Како и секоја година, така и оваа социјалните работници во јуни го прославуваат Денот на социјалната работа во Македонија. Овој ден се фокусира на придонесите на социјалната работа во македонското општество и е дел од континуиран дијалог за тоа како да се справиме со социјалните предизвици.
 
Социјалните работници им помагаат на луѓето да се соочат со многу предизвици, можат да влијаат врз животот на човекот за да се промени од корен. Социјалните работници ја извршуваат својата професионална улога и должности на барање на лица кои сметаат дека им е потребна таква помош, како и врз основа на лица од социјалната средина.
 
Оваа професија носи голема одговорност, обврска и тежина поради природата на работата. И покрај тоа, нема поголема среќа и задоволство кога на крајот од работниот ден социјалниот работник ќе сфати дека некому му го разубавил денот и му дал сила и надеж да си го реши проблемот и да ги надмине тешкотиите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *