НАД ПЕДЕСЕТТИНА ЧЛЕНОВИ НА „ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“ И ГРАЃАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВЕЛОСИПЕДОТ СО ПАРАДНО ВОЗЕЊЕ НА РЕЛАЦИЈА ГЕВГЕЛИЈА – ПРДЕЈЦИ – ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

По повод одбележувањето на 3-ти јуни, Светскиот ден на велосипедот, денеска, недела, 4-ти јуни над педесеттина точкаџии, организирани од „Гевгелија точак клуб“ релаксирано ја извозија маршрутата од Гевгелија преку Негорци до Прдејци и назад. 
 
Со ова, изјави Венци Ристов, претседателот на овој клуб, испративме заедничка порака за важноста од користењето на велосипедот за сопственото здравје и за средината во која живееме за да поттикнеме и апелираме да се применува здрав начин на живеење уште од најмали години.
 
Велосипедот, истакна тој, е едноставен, достапен, економичен и еколошки одржлив начин за транспорт. Користењето на велосипедот овозможува да поминете повеќе време со своето семејство, нуди здравствени придобивки за целото семејство, го намалува стресот, добро е за срцето, ќе ги натера вашите деца да излезат надвор, ви помага да ја запознаете околината и е добар за планетата Земја.
 
Во Република Македонија секојдневно се повеќе луѓе го користат велосипедот како превозно средство, мотивирани од здравиот начин на живот, но и се поскапите горива, но, се чини, се уште сме далеку од тоа да станеме велосипедска нација и да го следиме примерот на некои од поразвиените земји, каде велосипедите се речиси секојдневие во начинот на живот и нивниот превоз.
 
Во Гевгелија, вели Ристов, речиси секое домаќинство има барем еден велосипед па на овој начин да се потрудиме барем на 4-ти јуни градот да ни заличи како повеќето градови во Данска или Холандија. Во светот и во Македонија има многу добри места за возење за велосипед, а општина Гевгелија е идеална со одличен рамнински дел но и прекрасни ридско, планински предели за адреналинските зависници.
 
Инаку, Генералното собрание на ООН во април 2018 година, го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот. Целта е да се посвети внимание на велосипедите во стратегиите за развој и нивно вклучување во меѓународните, регионалните, националните и локалните развојни политики и програми. Резолуцијата ги потенцира придобивките на велосипедот како едноставен, сигурен, достапен, чист и еколошки одржлив начин на транспорт и го препознава велосипедот како средство за развој, поттикнувајќи ја креативноста и социјалното вклучување за обезбедување пристап до образование, здравје и спорт.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *