НА ДЕНЕШЕН ДЕН РОДЕН АКИ РАХИМОВСКИ

WEB Телевизија во живо

„ЛЕСНО Е ДА СЕ БИДЕ ВИСОК, НО ТЕШКО Е ДА СЕ БИДЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК И ГОЛЕМ ПЕЈАЧ“
 
Денешниот 5 јуни е 68-от постхумен роденден на легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ – Аки Рахимовски.
Имало, и ќе има уште многу рок пеачи на овие простори, но останува засекогаш еден и единствен, балканскиот Мик Џегер, човекот во чие мало тело се криеше огромна музичка енергија.
 
Роден на денешен ден 1955, Аки почина на 22 јануари 2022 година, оставајки зад себе неверојатни 19 студиски албуми, снимени со групата „Парни ваљак“, и уште неколку компилациски и снимени во живо. Многу од овие песни се вброени во антологијата на најдобрите песни на екс-ју сцената и на современата хрватска музичка сцена.
 
Парни Ваљак беше навистина музичкото семејство на Аки, бидејќи Аки Рахимовски беше Парни Ваљак, а Парни Ваљак беше Аки. Останаа безброј песни кои протекоа низ нашите жили и животни спомени со бојата на неговиот непрежален и неповторлив, специфичен рапав глас.
 
Она што остана зад него е само песната, неговата неизмерна харизма и вербата дека утре никогаш нема да заврши. Беше вечен сонувач со немирен дух, Петар Пан со широка насмевка,. Ја живееше музиката, ја живееше песната и живееше за публиката. Еднаш рече-Лесно е да си висок, но тешко е да бидеш голем човек и голем пејач.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *