ИЗЛОЖБА „БЕСКОНЕЧНИ НИШКИ“ НА РАЧНИ ИЗРАБОТКИ ОД АВТОРКАТА ЗОРИЦА ЗОКА РИЗОВ ВО ГЕВГЕЛИСКИОТ „АМАМ“

WEB Телевизија во живо

Н.У.Музеј – Гевгелија организира изложба составена од рачна изработка на STRING ART и плетени ракотворби од вуница и памучен конец од авторката Зорица Зока Ризов. Оваа интересна изложба ќе биде отворена денес, понеделник, 5 јуни 2023 година во Уметничката галерија АМАМ, со почееток од 19,00 часот.

Изложбата ,,Бесконечни нишки, е соатавена од дела изработени од авторката Зорица Зока Ризов родена 1972 година во Тетово. Сопруга и мајка која живее и работи во Гевгелија од 2012 год. Будењето на мајчинскиот инстинкт и раѓањето на родољубивите чувства, длабоко вкоренети во нејзината душа, издигнале камен темелник, инспиративен и уметнички порив, завземајќи стожерно место во нејзиното досегашно осумгодишно творештво.

За нејзиното творештво ќе зборува историчарот на уметноста Александар Каракабаков.:
„Стринг уметноста има своето потекло од активностите на “кривиот шев”, измислени од Мери Еверест Бул на крајот на 19 век за да ги направи математичките идеи подостапни за децата. Бил популаризиран како декоративен занает во доцните 1960-ти преку комплети и книги.

Целиот концепт го сочинуваат едноставни алатки и материјали: дрвена табла, конци и клинци.Клинците се удираат во дрвената даска во посебна шема.Оваа процедура обично се спроведува на насликана или тапицирана дрвена основа.Уметноста на низите, или уметноста на клинците и нишките, се карактеризира со аранжман на обоени конци нанижани и затегнати, обвиткани помеѓу збир на клинци за да се формираат геометриски модели, апстрактни или други видови на претстави или репрезентативни дизајни. 

Финалниот дизајн е формиран од прави линии, малку поинаквите агли и метрички позиции на кои нишите се вкрстуваат, можат да го дадат изгледот на Безијеовите криви.Неговата детална природа може да доведе до тоа да се верува дека стринг уметноста е ексклузивна за искусни уметници со големо знаење, кои преку создавањето на сложени дизајни, претвораат даска од дрво во уметничко дело.

Со оглед на фактот дека оваа техника и видот на креативност имаат педагошки ефектви овозможува да го навикнете вашето дете на упорност, на упорна рачна работа иактивно развивање на моторичите вештини. Целите од оваа задача би биле:

1. Го дава концептот на различни агли: големината, должината на страните, обиколката, акордот со различни должини; знаењето на правците: горе, подолу, лево, десно; Го дава концептот на средината, центарот, врвот, работ; запознавањето со геометрија.

2. Развива перцепција на бојата: концепти на студени и топли бои, ќе ве научи како да ја изберете бојата за позадина, ќе ве научи да ја разликувате дебелината на конецот,грбот и предната страна на производот;

3. Развива апстрактно размислување;

4. Ги развива мускулите на раката, окото, координација на движењата на рацете под контрола на очите;

5. Ја развиваупорноста, трпението, грижливоста, усвојувањето;

6. Воведува нов вид уметничка активност, ја калкулира способноста за користење на стекнатото знаење во други видови на визуелна и работна активност;

7. Го развива активниот и пасивен речник на децата; развива објаснувачки и демонстративен говор.
Како за најмладите, овој вид на креативна активност и за повозрасните ги дава следниве бенефити: Го ублажува стресот, ја зголемува фунцијата на мозокот, го стимулира умот, го подобрува расположението.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *