ХОРОТ ГОРТИНИЈА, МУЗИЧКИОТ АМБАСАДОР НА ГЕВГЕЛИЈА, СО ПРЕКРАСЕН КОНЦЕРТ ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКА ВОСХИТ КАЈ ПУБЛИКАТА

WEB Телевизија во живо

Еден од најдобрите и најплодни музички амбасадори на Гевгелија, и на Република Македонија, Градскиот мешан хор „Гортинија“, со синоќешниот концерт повторно предизвика восхит кај гевгелиската публика. Тие уште еднаш го докажаа она што го тврди нивниот диригент, Илија Атанасов, дека посебна мотивација и инспирација за нивната работа претставува поддршката на гевгелиската публика .
 
Овој пат публиката имаше можност да ужива во класичните хорски композиции од Палестрина, Брикнер, Ѓеило, Дрео, Калникс, Шуплевски, Скаловски и Лековски.
Со овие композиции хорот годинава учествува на државните и меѓународни хорски фестивали во Грција, Австрија, Србија. Пијано придружбата беше на Влатко Сапламаев.
 
Како едно пријатно изненадување беа гостите на концертот, новоформираниот детски градски хор „БОЖИЛАК, составен од ученици од 4-то и 5-то одделение, кои после само 4 месeци упорна работа, го имаа своето прво „огнено крштевање“ пред гевгеличани!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *