ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“

WEB Телевизија во живо

Традиционалниот годишен концерт, 19-ти по ред, на Ансамблот за традиционална музика и игри „Бојмија“ ќе се одржи на ден 15 јуни, четврток, во Народниот театар со почеток од 20 часот.
 
На овој концерт ќе настапат Ветераните и Првиот ансамбл кои пред љубителите на фолклорот премиерно ќе ја изведат кореографската поставка „Свадба“. Во подготовката на оваа кореографија свој допринос даде Теодора Стојановска, професионална играорка во НУ „Танец“ од Скопје.
 
Три дена порано, во понеделник, на 12 јуни, во Народниот театар, со почеток во 20 часот ќе настапат детските групи на ансамблот „Бојмија“, на возраст до 15 години.
Организатор на концертите е Ансамблот „Бојмија“, поддржани од Општина Гевгелија и Министерството за култура.
 
Ансамблот за традиционална музика и игри „Бојмија“ е формиран во 2004 година од група млади ентузијасти и вљубеници во фолклорот.
Името на ансамблот е според етничкиот предел Бојмија, предел во кој спаѓа и Гевгелиската котлина, односно таа се наоѓа во пределот Горна „Бојмија““. Во 2005 година ансамблот „Бојмија“ официјално е регистриран како здружение на граѓани.
 
Во ансамблот „Бојмија“ членуваат членови од најразлични возрасти. „Бојмија“ брои околу 130 активни членови кои работат во три групи кои се поделени според нивната возраст. Репертоарот во Ансамблот „Бојмија“ е разновиден тој негува игри и песни од сите краеви на Македонија. Игрите и песните се изведуваат со автентични носии од регионот од кој потекнува играта. Ансамблот „Бојмија“ покрај народните носии поседува и инструменти и свој оркестар кој е дел од сите настапи на ансамблот во земјата и во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *