ГЕВГЕЛИСКИОТ ХОР „ГОРТИНИЈА“ ЌЕ НАСТАПИ НА ЈУБИЛЕЈНИОТ 50-ТИ МЕЃУНАРОДЕН ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ „ТЕХО 2023” ВО ТЕТОВО

WEB Телевизија во живо

Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО годинава ќе се одржи во сабота 24 и недела 25 јуни во Тетово. Со овогодишното издание се одбележуваат 50 години од првиот фестивал што се одржал во 1973 година.
Градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе настапи на јубилејното 50-то издание на хорскиот фестивал со меѓународен карактер „ ТЕХО 2023”, што викендов ќе се одржи во Тетово.
 
Фестивалот се одржува во две вечери, а настапот на гевгеличани е во сабота на 24-ти јуни, изјави за Тв Нова 12, диригентот Илија Атанасов. Ќе настапиме, рече тој, со четири композиции-Exultate deo од Plaestrina, Cristus Tactus Est од Brinken,Northen Light Gjeilo и Огин го гори Брезово од Лековски
Ќе настапат хорови од повеќе наши градови, но и од Србија, Косово и Албанија. За прв пат преку интернет ќе настапи и Македонски камерен хор од Нов Зеланд со три композиции.
 
Фестивалот започнува во сабота 24 јуни во концерт во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово каде ќе настапат седум хорови.
Наредниот ден 25 јуни недела од 12 часот во Соборниот храм Свети Кирил и Методиј-Тетово ќе настапат три хорови со изведба на православна хорска музика. Вечерта од 19 часот и 30 минути, повторно во Центарот за култура, ќе настапат седум хорови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *