ФОРМИРАНО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ „НОВА ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА ДОЈРАН“

WEB Телевизија во живо

Вчера во Дојран се формираше граѓанското здружение „Нова визија за иднината“, а за негов претседател од страна на иницијативниот одбор е избран Илија Илиев. По тој повод, Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој е иницијатор за формирање на вакви здруженија истакна:
 
„Горд сум што голем број граѓани без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност насекаде низ државата покажуваат желба да се приклучат на граѓанското движење кое има за цел следната година да ја преземе власта и конечно да стави ред во државата, креирајќи систем каде што институциите ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните, наместо како досега во интерес на поединци и политичките субјекти.
 
Поддршката секојдневно се зголемува, граѓаните го препознаваат искрениот граѓански концепт кој ќе донесе позитивни промени во државата. Граѓански здруженија претходно се формираа во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово, Гостивар и Гевгелија. Продолжуваме…“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *