ЕДНА ГОДИНА ОД ЗАМИНУВАЊЕТО НА МИЦЕ, ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДИ ЏЕЈ

WEB Телевизија во живо

Помина една година од денот кога по кратко боледување замина во вечноста првиот официјален диск-џокеј во Македонија, легендарниот Михаил Бошковски (82), кого јас а и сите други го познаваа како Мице диџеј. Единствено за него композиторот Димитар Масевски напиша и песна насловена , „Еј, еј, Мице диск џокеј“.
Го познавам уште од Мусандра, од „старото“ Радио Скопје, каде започна со емисијата „Клуб на дискофили“, и соработник на „Три гонга“, а потоа и од Македонското радио каде водеше евергрин емисии, кои беа неговата омилена музика, снимени на километри и километри магнетофонска лента.
Не е важно колку плочи имаше во својата колекција, во колку диско клубови работеше, од Работнички дом па се до Мусандра, каде што и се пензионираше, колку емисии водеше на Македонското радио. Она што ми е најважно е колку љубов имаше во себе за музиката, колку ги сакаше пријателите и колку „убава“ душа поседуваше.
Смртта е страшна работа, но некои луѓе имаат можност да бидат бесмртни затоа што зад нив останува нивното дело. Еден од нив беше и Михаил, Мице Бошковски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *