БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ГЕВГЕЛИЈА РАСПИША КОНКУРС ЗА КНИЖЕВНИ ТВОРБИ ИНСПИРИРАНИ ОД СТИХОВИ НА АЦО ШОПОВ И ИЛИЈА КАРАЈАНОВ

WEB Телевизија во живо

По повод 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов (20.12.1923-20.04.1982) и 80-годишнината од раѓањето на поетот Илија Карајанов (08.07.1943-25.01.2016), ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби.
Творбите може да бидат есеи, проза, поезија, или драмски текстови, а како автори може да се јават сите граѓани кои творат на македонски јазик, без возрасни ограничувања.

Книжевните дела да бидат напишани на некоја од следниве теми, инспирирани од стихови на двајцата македонски поети:
1. Вечноста од мене до твојата небиднина (А. Шопов)
2. Ќе може ли песната да го памети поетот во времето – море, без почеток и крај? (И. Карајанов)
3. Модар јаглен гори во утробата на зборот (А. Шопов)
4. Ќе ги најдеме ли клучевите за тајните двери и ковчези додека животот невидливо поминува? (И. Карајанов)
5. Да бидеме подобри од црвеното срце на лебот (А. Шопов)
6. Писмото – сономорје, соноглед и крик (И. Карајанов)
 
Текстовите, потпишани со шифра, од 1 до 30 јуни може да се испратат на е-адресата bibliotekagevgelija@yahoo.com или по пошта, на следнава адреса: ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, ул. „Васо Карајанов“ бр. 1, 1480 Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *