7 ЈУНИ, СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗБЕДНА ХРАНА – СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ СЕ РАЗБОЛУВА ОД РАСИПАНА ХРАНА!

WEB Телевизија во живо

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека скоро секоја десетта личност во светот се разболува од расипана храна, а околу 420 000 луѓе годишно ги губат животите како резултат на нејзината потрошувачка. 40 проценти од заболените пациенти се деца на возраст под 5 години, со 125.000 смртни случаи секоја година.

Небезбедната храна е обично заразна или токсична по природа, контаминирана со бактерии, вируси, паразити или хемикалии кои влегуваат во организмот преку контаминирана храна или вода.

Затоа е потребно Владата да обезбеди безбедна и квалитетна хранлива храна за сите, Земјоделството и производителите на храна мора да усвојат добри производствени практики, Бизнисмените мора да обезбедат одржување на безбедноста на храната, Сите потрошувачи имаат право на безбедна, здрава и хранлива храна, Безбедноста на храната е заедничка одговорност.

Новата европска стратегија за безбедност на храната, перспективите и предизвиците во примарното производство во поглед на безбедноста на храната, интегралната заштита на растенијата, се дел од темите на тркалезната маса што ќе се одржи денеска во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, под годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна – „Безбедна храна денес, за безбедно утре”
На тркалезната маса ќе се дебатира и за флексибилната примена на правилата за системот за безбедност на храната низ призмата на потрошувачите и за употребата на здравствените тврдења и измамите при нивно користење, за антимикробната отпорност и за иновираната храна како предизвик на 21 век.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *