30 ГОДИНИ ОД ТРАГИЧНАТА СМРТ НА ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ-КОШАРКАРСКИОТ МОЦАРТ

WEB Телевизија во живо

На денешен ден, пред 30 години, почина легендата на југословенската и хрватската кошарка, Дражен Петровиќ.
По натпреварот против Словенија во квалификациите за Евробаскет, Дражен реши да ја напушти Германија со автомобил во придружба на неговата девојка, Германката Клара Сазаланти и Хилал Едебал, девојка која седеше на задното седиште на возилото во кој Дражен спиеше во моментот на трагичната несреќа.

Додека остатокот од хрватската репрезентација се враќаше со авион од Полска, Дражен го напушти Франкфурт, а трагичната несреќа се случи во Минхен кога возилото Голф удри во камион. Споменот на Дражен останува 28 години подоцна. На 13-годишна возраст, тој започна да игра кошарка во Балдекин во Шибеник, а две години подоцна се приклучи на првиот тим. Одличните игри во неговите тинејџерски години му донесоа трансфер во Цибона во 1984 година, каде тој освои две титули европски шампион, а веќе во првата сезона го освои југословенскиот шампионат и купот.

После четири сезони во Цибона, тој замина во Реал Мадрид, каде ги освои титулите на шпанскиот и европскиот шампионат во првата сезона, и го освои Купот на Шпанија.
Како најдобар европски кошаркар, Дражен замина во најсилната лига на светот, НБА, каде пристигна во Портланд Блејзерс. Во време кога европските кошаркари немаа статус и почит на остатокот од кошаркарскиот свет како што тоа го прават денес, Дражен помина две сезони во Портланд претежно на клупата со мизерни минути.

Потоа отиде во Њу Џерси Џетс каде покажа колку е голем кошаркар. Таму стана еден од најдобрите стрелци во НБА-лигата, а ја доведе Хрватска до сребрен медал на Олимписките игри во Барселона, каде што не можеше со репрезентацијата во финалето да се спротивстави на американскиот тим на соништата со Џордан, Меџик, Пипен, Баркли и останатите најдобри светски кошаркари.
 
Дражен почина на 28-годишна возраст, но сеќавањето за него не бледнеат ниту 30 години подоцна. По неговатата смрт, тој доби Кошаркарски центар и музеј во Загреб. Тој влезе во Кошаркарската сала на славните, а неговиот дрес број 3 стои на врвот на салата Нетс.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *