20 ЈУНИ-СВЕТСКИ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ.

WEB Телевизија во живо

Со неславен рекорд од над 110 милиони бегалци денеска се одбележува Светскиот ден на бегалците. За Моника Сандри, претставничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР, ова е тажна реалност предизвикана од сѐ почестите конфликти во светот. Три конфликти, кои моментално се случуваат во светот се виновници за 52 отсто од вкупниот број бегалци. Доколку би престанале конфликтите, како што вели, во Украина, Сирија и Авганистан би посведочиле 52 проценти помалку бегалци во светот.
 
Многу луѓе доаѓаат во Северна Македонија, но, потоа само преминуваат преку неа. Бегалците се луѓе, половина од нив се жени и деца, и доколку тие се прашуваат, никогаш не би заминале од својата земја, сѐ уште би биле таму и би живееле нормален живот, бидејќи тоа се луѓе како вие и јас. Тие се нашле во несреќна ситуација, можеби имало војна или нешто друго што ги натерало да избегаат од нивната земја и да бараат заштита во друга. Затоа треба да се разбере што стои зад зборот бегалец, тоа се деца бегалци, жени бегалци и мажи бегалци. Тоа се луѓе како и сите ние, изјави за МИА Моника Сандри

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *