ВО КИНА „ПРЕСМЕТКА“ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА И ЖЕНА ПАЦИЕНТ!

WEB Телевизија во живо

Се чини дека веќе започна пресметката на човекот со вештачката интелегенција.
Бизарниот инцидент, кој се случил во болница во Кина, покажува како неидентификуваната жена го губи трпението и пет пати го удира роботот со дрвена палка додека бесно вика.
Но, и покрај штетата што му е нанесена, се чини дека роботот го преживеа инцидентот.
Персоналот во болницата оценил дека жената има „ментален проблем“, пишува кинескиот сајт, а полицијата на крајот интервенирала.
 
Случајни минувачи во холот на болницата гледаат од далечина додека се случува невообичаената појава. Помеѓу ударите, жената вика на машината додека заканувачки мавта со палката од дрво.
Корисник на Твитер сугерираше дека жената на видеото е пациент во болницата кој се налутил за времето на чекање. „Затоа што сега во кинеските болници, закажување на лекар и сите најави за медицински прегледи се прават од страна на роботите, многу малку медицински сестри останаа да им помагаат на пациентите. Многумина сметаат дека тоа е фрустрирачки процес“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *