ВО ГЕВГЕЛИЈА, СО ПРИГОДНА ПРОГРАМА, ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПУЛМОНАЛНАТА ХИПЕРТЕНЗИЈА

WEB Телевизија во живо

На 6- ти Мај(сабота), 2023 година ќе се одбележи Светскиот ден на Пулмоналната Хипертензија во Гевгелија, родното место на Ѓургица Ќаева каде што започна се пред 10 години со формирање на Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија Момент Плус Гевгелија.
 
Ќе биде оддржана културно уметничка програма, во која учество ќе земат „Фониа“, Наталија Данаилова, Марија, Крџе, Моки, Мартин Костадинов, Филип Ангов, Душко Лазаров, Ансамбл „Бојмија“, и „Мистик Денс“.
 
Во исто време ќе биде организирано и почесно трчање од 5км во чест на Ѓургица и сите останати пациенти кои ја загубија борбата со ПХ.
 
Настанот е поддржан од PHA Europe, M-PRO Sound Production, АК 7ми Ноември, Општина Гевгелија, МВР Гевгелија, Општа Болница Гевгелија и ЈП Комуналец Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *