ТРИ ЧЛЕНКИ НА КАРАТЕ КЛУБОТ „ДОЈРАН“ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА ДЕЦА ВО БАР, ЦРНА ГОРА

WEB Телевизија во живо

Викендов Бар ќе биде епицентарот на карате спортот. Од денеска до недела во Спортската сала „Тополица“ се одржува Балканското првенство за деца во карате.
 
На првенството учество ќе земат и младите каратистки на Карате клубот „Дојран“, Дарија Џониќ во кумите борби +40 кг., Симона Колевска, кумите борби+44 кг. И Михаела Јовановиќ, кумите борби -37 кг., предводени од нивниот тренер Упчева Лилијана.
Официјалното отворање на првенството е закажано за сабота во 12:00 часот.
 
На првенството ќе учествуваат над 2.000 учесници од 11 држави (натпреварувачи, судии, тренери и официјални лица). На Балканското првенсво се застапени 4 категории од 10 до 13 години.
Ова е досега најголемото детско балканско првенство. За оние кои не се во можност да бидат во СД „Тополица“, организаторот обезбеди пренос во живо од сите 6 татами.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *