„ТОЧКАЏИСКА ВЕЧЕР“ НА ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ ВО „ДЕ ФАКТО“

WEB Телевизија во живо

По повод својот прв роденден – Гевгелија Точак Клуб ја организира Еднаш веќе одложената, поради оправдани причини,забавна „Точкаџиска вечер“ во дискотеката De Facto, утре, на 12-ти мај со почеток во 22 часот.
Во текот на таа една година во здружението се зачленија повеќе од 100 лица љубители на велосипедот, што е за секоја пофалба.
Како што информираат од организацијата, сите оние кои утре вечер ќе решат своето слободно време да го помионат во De Facto, ќе си поминат лудо и незаборавно.
Посетителите ќе ги забавуваат двајца DJ, едниот е DJ Тodoroff, додека името на другиот ќе биде изненадување. Секоја влезница учествува во извлекувањето на многубројните наградни игри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *