СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ МЕЃУ ШЕСТЕ ДОБИТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА НА ГРАНТ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ФОНД ЗА ПРЕДИЗВИЦИ

WEB Телевизија во живо

Шест најуспешни проекти од Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), во износ од 2,27 милиони евра за инвестиции во опрема, инфраструкура и спроведување на дуално образование или кооперативна обука во установи за стручно образование и обука.
 
Вториот круг апликации привлече 123 Изјави на интерес од Западен Балкан . Од овој број, 23 беа од Македонија. Со одлука на Одборот за селекција, беше предложено доделување на грантови на 6 најуспешни проекти од Македонија.
 
Грантовите се доделени на конзорциуми предводени од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје, СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, Институтот за текстилно инженерство при Технолошко-металуршки факултет, Скопје (Универзитет Св. „Кирил и Методиј“), Машински факултет, Скопје (Универзитет Св. „Кирил и Методиј“), и Општинското средно техничко училиште „Гостивар“, со вкупен износ од 2,27 милиони евра.
 
Доделувањето на наградите се одржа во просториите на Стопанската комора во Скопје, во присуство на претставниците од Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан 6 (ЗБ6-КИФ), германската амбасада, Германската развојна банка KfW, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Министерството за образование и наука, Регионалниот фонд за предизвици и наградените конзорциуми од Северна Македонија.
 
По доделувањето на грантот, еве што ни изјави директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“, Марија Танева:
„Преку поддршка на Регионалниот фонд за предизвици, во нашето училиште значително ќе се подобри квалитетот на практичната настава и наставните програми во стручното образование.
За нас, овој проект е многу значаен бидејќи преку осовременување кабинетите и зголемениот обем на часови по практична настава во компаниите, наши партнери, учениците својата пракса ќе ја реализираат во реални услови, ќе развијат разни вештини кои во иднина ќе им овозможат да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
 
Клучните инвестиции планирани со овој проект во нашето училиште се :
-економско еколошки одржлив тренинг центар со најдобра автомобилска опрема за реализација на практичната настава од Машинската струка,
-опремени канцеларии со компјутери и софтвери за потребите на учениците од Економската струка,
-хасап систем и опрема во кабинетите по готварство и послужување од Угостителско-туристичката струка“
 
Инаку, Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) е финансиски механизам дизајниран да ја зголеми вработливоста на младите и да ја зајакне конкурентноста на претпријатијата во економиите на Западен Балкан, преку финансирање инвестиции во избрани проекти на кооперативна обука имплементирани од установи за стручно образование и обука, во партнерства со претпријатија. 
 
Германското федерално министерство за економска соработка и развој намени 64,43 милиони евра за РЦФ, а Владата на Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), вложи дополнителни 9,7 милиони швајцарски франци. Средствата се доделени на Германската развојна банка (KfW), а проектот се спроведува од Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан 6 (WB6- CIF), заедничка иницијатива на Стопанските комори од регионот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *