СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ СВОЕТО ГИМНАЗИСКО И СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕД ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

WEB Телевизија во живо

СОУ ,,Јосиф Јосифовски” – Гевгелија го реализираше Отворениот ден за ученици! Беа презентиране струките и гимназиското образование пред идните средношколци!
 
Настанот беше успешен и посетен од полуматурантите, наставниците и директорите од основните училишта од гевгелиската и соседните општини, претставници од локалните компании и одделение за образование при Општина Гевгелија.
 
Учениците беа информирани за предностите и можностите што ги нуди СОУ,,Јосиф Јосифовски” Гевгелија преку гимназиското и стручното образование и практичната настава.
 
Инаку, во гимназиско образование функционираат општествено-хуманистичко подрачје, комбинација А и Б (четврт степен) , природно-математичко подрачје, комбинација А и Б (четврт степен), и билингвална паралелка македонско-англиска.
 
Стручната подготовка идните средношколци ќе ја добиваат во паралелките по машинство, угостителство и туризам, економија, право и трговија и здравство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *