СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ДОБИ СОВРЕМЕНА УГОСТИТЕЛСКА САЛА

WEB Телевизија во живо

Изминатиот период, за комплетната функционалност на угостителската сала, кујна и кабинети беа набавени опрема и инвентар, во вредност од 2.161.739 денари. Претходно, во периодот 2009-2017 година беше реконструирана салата и обезбедена со опрема за готварство, со заштеда на средствата од блок-дотации.

Новиот угостителски објект во СОУ „Јосиф Јосифовски“ располага со два кабинети- еден по готварство, кујна и кабинет по послужување, т.е. угостителската сала. Со неговото целосно уредување и опремување, Гевгелија доби уште еден модерен угостителски објект со капацитет за 150 луѓе. 

Но, со првенствена цел – обезбедени се најсовремени услови за стекнување знаења и вештини и изведување практична настава на учениците од угостителско-туристичката струка. Се разбира, и простор за одржување на сите активности предвидени со Програмата за работа на Училиштето, како и одбележување на настани и прослави, организирање слободни ученички активности, одржувања семинари и сл.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *