СОУ”БОГДАНЦИ”-БОГДАНЦИ Е ДРЖАВЕН ПРВАК ВО РАКОМЕТ(МАШКИ) ЗА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА 2023 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

На 03 мај 2023 год.во Спортската сала ,,Јасмин”во Кавадарци,се одржа Државното првенство во ракомет за средни училишта, организиран од Федерација на училишен спорт на Македонија(ФУСМК)
 
На завршниот турнир на кој учествуваа домаќинот СОУ,,Добри Даскалов”-Кавадарци(победник на западен регион),ДУФК,,Методија Митевски-Брицо”-Скопје(победник на скопски регион) и СОУ,,Богданци”-Богданци(победник на источен регион), училиштето од Богданци го освои 1 место, победувајќи ги со убедливи резултати своите противници.
 
По освоеното прво место во училишен спорт учениците имаа срдечен прием од страна на директорката на СОУ,,Богданци”, Росица Шабанова која постојано дава безрезервна поддршка од секаков вид и Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов на која средба на учениците им беа доделени признанија и искажани благодарности за постигнување на овој значаен успех и афирмација на средното училиште.
 
Ученици од СОУ,,Богданци” кои беа дел од екипата која стана државен првак за 2023, инаку идни доктори, електротехничари, конфекционери, сообраќајни техничари и спортисти кои макотрпно секојдневно тренираат се: Ѓорѓе Ѓуриќ(III-4),Мартин Прчев(III-4),Стамен Гогов(III-4),Илија Роглев(III-5),Антонио Николоски(IV-3),Васил Демерџиев(IV-3),Ѓорѓе Атанасов(I-8),Ефе Идризов(I-7),Душан Каркалашев(IV-4),Леон Котев(IV-4),Стојан Наумовски(IV-4),Марко Михајловиќ(IV-4) и браќата Тодор Узунчев(IV-5) и Димитар Узунчев(III-5),кои на финалниот турнир во Кавадарци не настапија од оправдани причини.
Ментор/професор:Петар Кондурџиев

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *