СО ПРЕТСТАВАТА „ТАБУ РЕПУБЛИКА“ ПРОДОЛЖУВА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА СПАСОВДЕН

WEB Телевизија во живо

Денеска (25 мај 2023 година), во Народниот театар Гевгелија , по повод чествувањето на Патрониот празник на Гевгелија- Вознесение Христово, Спасовден ќе гостува Скопје танцов театар-со изведба на претставата „Табу Република“, во продукција на Интеарт културен центар, а во режија и кореографија на Бобан Русески.
Претставата ќе започне во 20:00 часот. Влезот е слободен.

За претставата, Русески вели дека во „Табу република“ нема цензура. Таа се занимава со тематики на лицата од женскиот род, жената како родилка и носител на живот, потоа со лица со оштетен вид и слух, лицата со инвалидитет. – Во претставата учествуваат: со пијано изведба Ема Ананиевска, на теремин Ива Дамјановски, а визуелен уметник е Кристијан Јованоски. 

Костимите се на Благој Мицевски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Сара Цветковска и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип: Стефи Шааршмит, Клара Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, како и актерката Наталија Ристеска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *