СО ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ ОД Д-Р ВАСКО ШУТАРОВ ЗАВРШУВА ТРИДНЕВНАТА КУЛТУРНА СПАСОВДЕНСКА ПРОГРАМА

WEB Телевизија во живо

Со одржувањето на Ликовната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија и промоција на книгите „Со зрно сол и парче локум“ и „Кога татковината станува чедо, а вистинска борба“ од проф. д-р Васко Шутаров, денеска, ќе заврши културното чествување на Спасовден, Патрониот празник на општина Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а под покровителство на Општина Гевгелија.

Годишната изложба на ДЛУГ по повод Спасовден ќе биде отворена во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. На изложбата, ќе бидат застапени делата на: Јордан Јанев, Атанас Крстов, Драги Хаџи- Николов, Катерина Чугунска, Фило Танов, Александар Јанев, Горан Јованов, Мирјана Крстева Массетти, Перо Кованцалиев, Вангел Срнаков, Иван Кал’чев, Ана Марија Митриќеска Кал’чева, Михаил Петров, Гордана Петрова, Ана Петрова и Адриана Манчева.
 
По Изложбата на ДЛУГ, во хотел „Аполонија“, со почеток во 20:00 часот, следува промоцијата на третата и четвртата книга, авторски дела на Шутаров. Промотори на книгите се Елка Јачева-Улчар, Бранко Цветкоски и Ирина Димовска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *