СО ГОДИШЕН КОНЦЕРТ, ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ГИ ПРОСЛАВИ СВОИТЕ УСПЕСИ И 45 – ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

WEB Телевизија во живо

OOМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со учениците остварува континуирани успеси на државните и меѓународните натпревари.
 
На Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ во Штип, четири ученици се добитници на Први и Втори награди. Имено, првонаградени се Викторија Каракабакова и Матеја Тунџева од класата по виолина на професорката Маја Зафирова и Илија Димов од класата на професорот Владо Сапламаев, додека второнаградена е Сара Видичек од класата по пијано на професорот Костадин Издушнов.
 
На 61. Државен натпревар на млади музичари од основните музички училишта, којшто се одржа во Битола, ООМУ „Васо Карајанов“ ги понесе првите места и високите награди- прво место во солфеж за Илија Димов под менторство на професорот Зоран Гогов, Прва награда за Ана Димитрова од класата по флејта на професорката Сузана Стефанова, Прва награда за Викторија Каракабакова од и Трета награда за Матеја Тунџева од класата по виолина на професорката Маја Зафирова.
 
Новите, како и претходните успеси во учебната година 2022/2023 година, беа прославени со одржување на Годишниот концерт на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија во хотелот „Аполонија“ на 23 мај, а, исто така, и означен беше крајот на учебната година и 45-годишниот јубилеј од воспитно-образовната музичка дејност на Училиштето.
Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“ е основано со акт на Собранието на општина Гевгелија од 5.10.1978 година. Прв директор на оваа институција, а воедно и еден од најзаслужните за нејзиното формирање, бил професорот Ѓорге Улишев.
 
Формирањето на музичкото училиште и неговата понатамошна дејност, биле соодветни на јасно изразените потреби за ширењето на музичката култура и едукација, но и за збогатување на културниот живот во градот и општината.
Почетната работа на училиштето се одвивала во отежнати услови, во просториите на некогашната болница, која во денешно време со прилагодување и реновирање ги задоволува потребите на ваквата културно- педагошка институција.
 
Во наставниот план и програма за основното музичко и балетско образование, е забележано дека ваквиот вид на образование се организира за создавање услови за ширење на музичката и балетската култура и за подготвување на учениците за натамошно образование во овие области од уметноста. Во образовниот и воспитниот процес е застапена индивидуалната, групната и одделенската форма на работа.
 
Во својата историја музичкото училиште има забележано повеќе значајни моменти во збогатување на наставните содржини:
• 1979 год. – започнува наставата по пијано и виолина
• 1980 год. – започнува наставата по кларинет
• 1981 год. – започнува наставата по флејта
• 1995 год. – се формира нов отсек – балет;
 
Во изминатиот период, учениците на ООМУ „Васо Карајанов“, учествувале на голем број натпревари во и надвор од Република Македонија. Освоените награди и признанија доволно зборуваат за успешната педагошка дејност на наставниците и нивната стручна подготвеност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *