СИ БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН ПРАЗНИК – 1 МАЈ

WEB Телевизија во живо

Во спомените за стара Гевгелија, постарите генерации гевгеличани, како празник над празниците ја помнат прославата на Први мај – Денот на трудот, како и Втори мај, излетите на отворено со скара и пиво.
 
Има ли што да се слави денес, на 1 мај? Има ли сеуште работничка класа која ќе се собира по излетничките места во и околу Гевгелија?
Дали од трудот, кој денес се слави, може да живеат и преживеат денешните работници кои земаат плата од 200 до 300 евра?
Не го даваме одговорот, тој самиот ќе ви се каже, после испиените две три пива и изедените десеттина кебапчиња со кромид, во вашиот двор или на вашиот балкон.
 
ТВ Нова 12 и Perpetuum Code им го честита празникот 1-ви Мај на сите оние кои со својот труд и секојдневна макотрпна работа се обидуваат да обезбедат егзистенција за себе и своите семејства, да им оддадеме достојно признание и да се надеваме дека ќе успеат да се изборат за плата која нема да го нарушува нивното достоинство.
 
Им го честитаме празникот и на сите приватни стопанственици кои во овие тешки времиња обезбедуваат пристојни услови за живот и развој на своите вработени, и го полнат буџетот од кој плати земаат јавните и државни административци.
 
Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време.
Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време.
 
Првиот протест за осумчасовно работно време одржан е во Австралија во 1856 година. Во 1886 на 1 мај со прекин на работниот процес протест одржаа и американските работници. Во 1898 година за прв пат е прославен 1 Мај во Македонија, во Скопје,Штип и Битола.
 
ДАЛЕКУ Е ПРВИ МАЈ, ЖИВЕЕМЕ НА РАТА,
ДАЛЕКУ СЕ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА,
МАЛЕЧКА Е РАБОТНИЧКАТА ПЛАТА.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *