„РАСПЕАНА ЧАРШИЈА“- ТРБА, ТРБИ“

WEB Телевизија во живо

Духот на едно време кое повеќе го нема, времето на старите чаршии, занаетите и серенадите под пенџери, вечерва преку песна го вратија учесниците на традиционалната манифестација „Распеана чаршија-Трба, трби“ со која традиционално започна чествувањето на патронот на гевгелија „Спасовден 2023“.
 
Почеток на тридневната културна програма што ја организира ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија под покровителство на Општина Гевгелија беше означен со дефиле на културно-уметничките друштва и ансамбли за староградска музика и песна- учесници во „Распеана чаршија“ низ гевгелиските улици.
 
„Распеана чаршија“ што се одржа под отворено небо, на платото пред Народниот театар. ја отворија домаќините- амбасадори на староградската музика и песна, КУД „Распеани гевгеличани“: Потоа публиката ги проследи настапите на „Распеани кривопаланчани“, „Распеани валандовчани“, Здружение на пензионери „Орнаменти“- Штип, „Распеани струмичани“, „Тамбураши“- Свети Николе и „Распеани велешани“.
 
Повторно, како и секоја година , звуците на староградската македонска песна, која секогаш во минатото била придружник и во добрите и во лошите настани од животот на гевгеличани, го исполнија просторот на градското шеталиште и пред Народниот театар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *