ПРВОТО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ФОРМИРАЛО ВО 1933 ГОДИНА А ПРВАТА ТППЕ ВО 1954, КОМАНДИР БИЛ САНДЕ ЌОРНАКОВ

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија, организираните облици за заштита од пожари започнуваат во 1933 година кога е формирано Доброволно противпожарно друштво кое броело околу 30 членови, претежно занаетчии. Еден од погопемите пожари од тоа време во чие гаснење учествувало Доброволното противпожарно друштво бил пожарот на куќата на браќата Киро и Спасо Вегови, и помали пожари кои се јавувале во тогашната Свилара и Монополот.

Во периодот помеѓу двете светски војни, во Доброволното противпожарно друштво членувале, меѓу другите, и Киро Арнаудов, Ристо Стиков, Јован Поп Петров, Миљо Делимитов, Зафир Јованов, Зафир Наков, Томе Андреев, Горги Гацев, Горге Аризанов, Кочо Мамков, Шпиро Андонов, Миљо Камберов, Аргир Куртелов, Дељо Чугунцалиев, Вангел Пајдаков, Аргир Тодоров и други.

Првата професионална противпожарна единица во Гевгелија е формирана на 1 јануари 1954 година со одлука на Општинското собрание, кога е и назначен првиот командир Санде Ќорнаков. Во периодот 1954/1955 година изграден е и првиот противпожарен дом во Гевгелија, со површина од околу 200 метри квадратни и се наоѓал на местото на денешниот хотел „Аполонија“. Домот, кој имал библиотека, канцеларија, магацин и сала за игранки постоел до 1984 година кога истиот бил срушен заради изградба на хотел „Југо“
 
Од 1937 до 1953 година за гаснење на пожари се користело возило марка Шевролет. Првото противпожарно возило е набавено во 1953 година и било марка Бетворд. На него била монтирана цистерна за вода во фабриката Благој Давков во Скопје а прв возач бил Ило Узунов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *