ПРОМОВИРАНА КНИГАТА БАСНИ ЗА ГОЛЕМИ И МАЛИ ,,НИТУ ВИСТИНА НИТУ ЛАГА” ОД МАГДЕ АНГОВА

WEB Телевизија во живо

На еден интересен начин, во директна комуникација со оние на кои оваа книга им е наменети, со децата, и со нивните родители, во дворот на книжарата „The Book Shop“ денес беше промовирана ,,Ниту вистина ниту лага”од писателката Магде Ангова.
 
Промотор на книгата беше Соња Србова, професор по македонски јазик. Некогашната ученичка на познатиот гевгелиски професор и писател Илија Карајанов, била професорка на Магде во средношколските денови.
 
Таа истакна дека ова ново дело на Ангова содржи 14 современи басни напишани во долги и во куси редови – во проза и во поезија.
Ликовите – животни во нив се наоѓаат во најразлични животни ситуации, тие се добри или лоши, воспитани или дрски…
 
Преку алегорија и персонификација, современите басни остваруваат широка воспитна и поучна димензија. Оваа комбинацијата, истакна Србова, на прозното и поетското изразување во оваа читанка придонесува басните да бидат игриви и забавни како за децата, така и за возрасните.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *