ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ: „ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“

WEB Телевизија во живо

На 23 мај 2023 година (вторник), во салата на хотел „Аполонија“ (влез спроти зградата „Гортинија“), со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи настан за промоција на проектот: „Изработка на Локална стратегија за развој и подобрување на социјалниот живот, активната вклученост и квалитетот на животот на лицата со попреченост во општина Гевгелија“.

На настанот од страна на претставници на: Општина Гевгелија, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија, Фондација „Ице Бегов“- Скопје, Фондација „Аполонија“- Гевгелија, Здружение „Национална алијанса за лица со посебни потреби“- Гевгелија и Заедница на инвалидски организации- Гевгелија, партнер-имплементатори на проектот, ќе бидат презентирани целите и проектните активности од областа на социјалната заштита, за мапирање на потребите на лицата со попреченост.

Реализацијата на проектот е со цел изработка на Локална стратегија, која во иднина ќе послужи за креирање социјални услуги согласно приоритетните потреби, а ќе бидат од корист за подобрување на животот на оваа ранлива категорија граѓани.
 
Фондација ,,Ице Бегов”
Apollonia Foundation
Centar Majka Tereza Gevgelija
Mobilnost Gevgelija

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *