ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА БАСНИ ЗА ГОЛЕМИ И МАЛИ ,,НИТУ ВИСТИНА НИТУ ЛАГА” ОД МАГДЕ АНГОВА

WEB Телевизија во живо

Љубителите на убавиот пишан збор, ќе имаат убава можност во книжарата „The Book Shop“ во Гевгелија, во сабота (20 мај) со почеток во 12 часот да присуствуваат на промоција на новата книга за големи и мали ,,НИТУ ВИСТИНА НИТУ ЛАГА” од омилената писателка на децата Магде Ангова ,во издание на Арс Ламина.

,,Ниту вистина ниту лага” содржи 14 современи басни напишани во долги и во куси редови – во проза и во поезија.
Ликовите – животни во нив се наоѓаат во најразлични животни ситуации, тие се добри или лоши, воспитани или дрски…

Преку алегорија и персонификација, современите басни остваруваат широка воспитна и поучна димензија.
Комбинацијата на прозното и поетското изразување во оваа читанка придонесува басните да бидат игриви и забавни како за децата, така и за возрасните.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *