ПРОЕКЦИЈА НА ,,ПРОФЕСОРОТ,, ФИЛМ НА ЈОРДАН ДУКОВ ЗА ГЕВГЕЛИСКАТА ЛЕГЕНДА ИЛИЈА ЏАЏЕВ

WEB Телевизија во живо

ЈОУ Дом на култура ,, Македонија,утре,сабота, 6 мај, со почеток од 20 часот организира проекција на филмот „Професорот“ на Јордан Дуков.
 
Се работи за документарен филм за универзалниот уметнички и хуманистички подвиг на еден локален херој. Истражување на несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев- музичар, виртуоз на хавајска и класична гитара, писател, професор по географија. Приказна за потрагата по еден роман во ракопис. Приказна за авантурата на една хавајска гитара.
 
Овој човек-феномен отсвирел над 6000 бесплатни концерти ширум светот, не правејќи разлика дали свири пред луѓе што се од врвот или на дното. Свирел пред претседатели, просјаци, рудари, деца во градинка, студенти во менза, работници во поле, заменувајќи ги концертните сали со родилишта, гробишта, пензионерски домови, рударски окна, патнички и воени бродови, караули, затвори, психијатриски болници, како и плоштадите на поголемите светски метрополи, поминувајќи преку четири милиони километри со својата гитара.
 
Сценарио и режија: Јордан Дуков Продукција: КАДАР, МАШИНА ПРОДУКЦИЈА Поддржано од: Агенција за филм на Република Северна Македонија, МРТ, Општина Гевгелија
Влезот е слободен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *