ПРИСТАП ДО „ПАМЕТНО ПРОИЗВОДСТВО“ СО ПРОЕКТОТ „IDEAS“

WEB Телевизија во живо

„ИДЕАС“ е проект на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020”, финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички, а го спроведува Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште – Колеџ Перотис од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.
 
Проектот се стреми да промовира претприемништво во земјоделството со цел да се креираат нови, одржливи агробизниси.
Целта на проектот е да се идентификуваат, поддржат и започнат нови бизниси во земјоделско-прехранбениот сектор, кои имаат иновациски потенцијал и можат да станат мултипликатори, кои ги искористуваат предностите и потенцијалите на регионот.
 
IDEAS се фокусира на паметно земјоделство и производство на квалитетна и безбедна храна.
Доколку сте заинтересирани да добиете поддршка за развој на сопствена бизнис идеја во земјоделско-прехранбениот сектор, ве молиме пополнете го формуларот за учество подолу. Поддршката ќе опфати и обуки кои ќе започнат по завршувањето на отворениот повик. За подетални информации, ве покануваме да дојдете на инфо сесиите (локацијата и времето на одржување на инфо сесиите ќе бидат дополнително објавени).
Линк до Формуларот за учество во проектот:

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *