ПОБЕДНИЧКА НА ЕВРОСОНГ 2023 Е ЛОРИН ОД ШВЕДСКА СО „TATOO“

WEB Телевизија во живо

Лорин му се придружи на Џони Логан како единствена личност која двапати го освоила посакуваниот трофеј на Евровизија. Да потсетиме со песната Еуфорија, Лорин победи на Евросонг 2012 година.
Така, наредната година, 2024, 50 години по победата на АББА со Ватерло, Евровизија ќе се одржи во Шведска. Коинциденција или не, проценете сами. По победата таа изјави Лорин: „Еуфорија“ беше месечевата светлина, а „Тетоважа“ е изгрејсонце.
 
Обложувалниците беа во право – Шведска до крајот беше фаворит, и победи вечерва со 583 поени. Финска беше втор фаворит за победа и доби респектабилни 526 бода, а Израел беше трет со 362.
Се чувствуваше цело време како публиката во арената да сака Финска да победи. Гледачите цело време извикуваа „Ча Ча Ча“ додека се читаа резултатите.
Сепак се чини како песните да беа засенети од спектакуларната сцена, одличните водители и распеаната публика.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *