ПО МАСАКРОТ ВО БЕЛГРАД ЕДНО ПРАШАЊЕ СЕ НАМЕТНУВА: РОДИТЕЛИ, КАДЕ И ЗОШТО ВО ЖИВОТНАТА ТРКА, ПОПАТНО ГИ ИЗГУБИВМЕ СВОИТЕ ДЕЦА?

WEB Телевизија во живо

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, утрово околу 08:00 часот се случи пукање во кое настрадаа осум ученици и еден чувар. Ученик уби седум девојчиња, едно момче и припадник на училишното обезбедување.Со голема брзина биле испукани 40 куршуми.
Што да се каже по ваков грозоморен настан, освен да се прашаме сите заедно, како родители, каде и зошто во денешното живеење, попатно го изгубивме надзорот и вниманието кон нашите деца.
 
Евидентно е канцерогеното и погубно влијание на интернетот и видео-игрите. На сите нам ни е јасно дека е потребен голем пресврт во односот на целокупното општество во третирањето на однесувањето на учениците и малолетниците, како и заострување на мерките и системско изнаоѓање решение и во нашата држава, за оваа трагедија да не прерасне во општествено прифатлив модел на однесување. Ова е веќе општествен феномен.
 
Експертите објаснуваат дека до ваква трагедија, можат да доведат деца кои се под притисок и имаат лошо искуство на училиште.
Многу често се наоѓаат во ситуација која е конфликтна и не знаат како да ја решат, ги влечат на различни страни и, на пример, родителите вршат притисок на едната страна, училиштето на другата страна, врсниците на трета.Децата често се малтретирани, исмејувани и она што е исклучително важно, тоа е факторот на достапност на оружје. Оружјето што може да уништи толку многу луѓе е на располагање на детето.
 
Владата на Србија прогласи тридневна жалост на територијата на целата земја со почеток од петок 5 мај до недела 7 мај. Наставата во сите училишта денеска беше откажана, а од четврток ќе почнува со една минута молчење за жртвите на трагедијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *