ПЕТ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ГЕВГЕЛИЈА ГИ ПРЕТСТАВИЈА СВОИТЕ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА RELOAD НА UNDP ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

45 граѓански организации од осум општини во државата меѓу кои и пет од Гевгелија , „Од станица до граница“, СВАМ Спа Веленес Асоцијација на Македонија, АМД „Дичо Панов“, Фондација „Аполонија“ и „Поддршка“ , на информативната средба во Скопје, ги претставија своите проекти за млади, социјална кохезија и инклузија, човекови права, заштита на животната средина, култура, туризам, кои ги имплементираат во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) На средбата, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан им честитаа за нивните заложби и иницијативи за подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници и за давање поддршка на оние на кои им е најпотребна. 

Програмата ReLOaD, чија главна цел е зајакнување на партнерството помеѓу локалните власти и граѓанското општество, се имплементира во партнерските општини Општина Гостивар, Општина Охрид, Општина Куманово, Општина Битола , Општина Велес, Општина Гевгелија, Општина Кочани и Општина Крива Паланка. ReLOaD2 се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, а ја имплементираат УНДП со партнерските општини.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *