OПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПО ТРЕТПАТ ДОМАЌИН НА ЕКО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

WEB Телевизија во живо

– ДА СЕ ИЗВАЛКАМЕ И ДА ЧИСТИМЕ-
 
Општина Гевгелија по третпат ќе биде домаќин на еко-акцијата „Генералка викенд“, во организација на Man and Mountain, заедно со Пивара Скопје и Пакомак во партнерство со Шпаркасе Банка и Нула Отпад, а со поддршка на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство. Локацијата, каде ќе се изведе еко-акцијата ќе биде Старата касарна во Гевгелија, во близина на спортските терени, во сабота (13 мај, 2023 година), со почеток во 09:00 часот.
 
Општина Гевгелија ги поканува сите граѓани, покрај претставниците на локалните институции, да земаат учество на оваа еко-акција која, годинава, се реализира во 53 општини ширум државата и да го дадат својот придонес во зачувувањето на животната средина. Годинашното мото на „Генералка викенд“ е „Да се извалкаме и да чистиме“, а со цел да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот.
Како резултат на успешната минатогодишна акција, на Општина Гевгелија и беа доделени 200 садници дрвја, кои ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ќе ги засади на повеќе локации во градот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *