ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ АПЛИЦИРА ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ И Е-ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија ќе обезбеди сопствено учество од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година за реализација на проектите: „Изработка на техничка документација за поставување фотоволтаични панели на образовни институции, детски градинки и градски пазар во општина Гевгелија“ и „Е-полначи за електрични возила: Teхничка документација“ – одлучи Советот на Општина Гевгелија на 27. седница. Имено, Општина Гевгелија, самостојно и преку ЈИПР, со овие проекти аплицира на отворениот Јавен повик за финансирање техничка документација за инфраструктурни проекти на Фондот за техничка инструментација во рамки на проектот на УНДП: „Јакенење на општинските капацитети за имплементација на проекти- Фаза 2“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и Бирото за регионален развој. 

Сопственото учество на Општина Гевгелија за „Изработка на техничка документација за поставување фотоволтаични панели на образовни институции, детски градинки и градски пазар“ ќе изнесува 20% или 3915,54 американски долари во денарска противвредност од вкупната проценета вредност 19.577.72 американски долари во денарска противвредност. Додека, за „Еполначи за електрични возила: Техничка документација“ во рамки на ЈИПР, учеството на Општина Гевгелија изнесува 20% или 1.888 американски долари во денарска противвредност од вкупната вредност на проектот чија висина изнесува 9.440 американски долари во денарска противвредност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *