ОДЛИЧНА ЗАБАВА НА ПРВАТА „ТОЧКАЏИСКА ВЕЧЕР“ НА ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ

WEB Телевизија во живо

По повод својот прв роденден – Гевгелија Точак Клуб, синоќа во дискотеката De Facto ја организираше првата„Точкаџиска вечер 2023
Организаторот вети забава за сите За атлетичари и атлетичарки За фудбалери и фудбалерки За каратисти и каратиски За компјутерџии и компјутерџијки За кошаркари и кошаркарки За моторџии и моторџијки За одбојкари и одбојкарки За планинари и планинарки За точкаџии и точкаџијки За шахисти и шахистки.
И, тоа и го оствари
Посетителите ги забавуваа двајца DJ, а секоја влезница учествуваше во извлекувањето на многубројните наградни игри.
Главната награда, велосипед, и припадна на Велика Бучкова, која го доби, се чини најубавуиот подарок за својата матура.
Клубот De Facto, како поддршка на работењето на Гевгелија точак клуб, се откажа од комплетниот приход од влезниците, а собраните средства клубот ќе ги употреби за реновирање на просториите каде што членовите ќе дружат и каде што ќе се договараат и одвиваат активностите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *