ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „РИСТО ШУКЛЕВ“ ОД НЕГОРЦИ

WEB Телевизија во живо

ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци го одбележа својот Патронен празник со свечена културно-уметничка и спортска програма. Во културно-уметничката програма учествуваа учениците од музичката и драмско-рецитаторската секција. За првпат, со изведба на училишниот хор беше промовирана химната на Училиштето, авторско дело на наставникот по музичко, Горан Лазаров и наставничката по македонски јазик, Жаклина Линкова. Исто така, беше изведена и драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски. Патронот беше одбележан и со спортски игримеѓуодделенски натпревари во фубдал и кошарка. Во знак на оддавање почит на Патронот, учениците со своите наставници положија цвеќе пред спомен-бистата на Ристо Шуклев во дворот на Училиштето.
 
– Денес славиме, чествуваме, го вознесуваме името на визионерот, денес пееме за нашиот Патрон, нашиот голем деец, сограѓанин, Ристо Шуклев, чие име со гордост го носи нашето училиште. Да не заборавиме за кого сме вечерва овде- за нашите потомци, нашите деца, нашите идни генерации… Затоа што нашата поддршка е несебична и безрезрвна во мигови кога се тргнува по знаење, кога се учи од грешки, кога се поучува, кога се разбира детската желба за творење, создавање, кога сонот на детето станува јаве, кога се постигнува успех. Нека ни е вековит Патрониот празник, истакна директорката на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, Елена Kрстевска, во својата честитка по повод Патрониот празник.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *