ОД ДАМНИНА, ДЕН СПРОТИ ПРАЗНИКОТ СПАСОВДЕН ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОДРЖУВАЛ ТРАДИЦИОНАЛЕН ПАНАЃУР КОЈ ТРАЕЛ ДВА ДЕНА

WEB Телевизија во живо

И вечерва ќе одекнат камбаните од црквата „Свети Спас“ на зајдисонце. Црквата, години наназад, под својот покрив ги собираше верниците кои преспиваа тука, кој за здравје, кој за среќа, кој за бериќет. Наместо курбанот, кој се давал порано, пред да заспијат, тие каснуваа од убавото црквено гравче.
 
Оние другите, со своите деца, ги обиколуваа до доцна во ноќта поставените тезги со разни дребулии, купуваа потребни и непотребни ситници.
Децата се возеа на рингишпилите, држејќи во раката стапче со слатката шеќерна виолетова волна, која им се лепеше на обравчињата, додека повозрасните седнуваа во импровизираните кафеани на отворено, да каснат од скарата и да се напијат од пивото.
 
Инаку, уште од стари времиња, на манастирскиот празник Свети Вознесение Христово – Спасовден во Гевгелија се одржувал голем традиционален панаѓур, кој траел два дена. Тогаш доаѓале многу гости од околните села и поблиските градови, за чие сместување во минатото црковната управа изградилa неколку анови. 
 
Во текот на 50 тите и 60 тите години на 19 от век, гевгеличани отворено воделе антипатријаршиска и антифанариотска борба, што особено ја разгорувале и ширеле Хаџи Павел Граматиков Бохигропски, Партениј Зографски и кукушките преродбенски учители Кузман Шапкарев и Венјамин Мачуковски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *