НА „AXIOS RUNNING FESTIVAL“ ВО ГРЦИЈА, СО УСПЕХ НАСТАПИЈА 8 АТЛЕТИЧАРИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

Солунската општина Халкидон, во Гефира, во соработка со ЕАС СЕГАС, денеска го организираа Првиот „AXIOS RUNNING FESTIVAL“, по брегот на реката Вардар. Се одржаа три трки, на 5, на 21 и здравствена трка на 1 километар.
На трката на 5 километри настапија Никола Ковачев, Ристо Чалков, Теодор Граматиков, Игор Коцевски, Кимо Арнаудов ио Влатко Семенаков.
 
Сите тие постигнаа одлични резултати, пласирајќи се меѓу првите 20. Ристо Чалков беше четврти, Влатко Семенаков, петти, а прв во своја категорија, Никола Ковачев, 13, Кимо Арнаудов, 15, додека Игор Коцевски се пласираше на 22 место од 105 натпреварувачи.
 
Во полумаратонската трка, на 21 километар, настапија Дарко Прошев и Драган Ристов. Прошев во вкупниот пласман беше 15-ти, додека во својата категорија го освои третото место. Драган Ристов беше шести во својата категорија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *