НА 4-ОТ САРАЕВСКИ МАРАТОН, ТОДОР АНЧЕВ ОДЛИЧЕН 37 НА ПОЛУМАРАТОНСКАТА ТРКА

WEB Телевизија во живо

Денес во Сараево, Република Босна и Херцеговина, во организација на Здружението „Plavi decki“, се одржа четвртиот по ред Сараевски маратон, на кој над 1400 натпреварувачи од голем број европски земји учествуваа во три трки, на „Меморијална трка Осман Јунузовиќ“, на полумаратонската и маратонската трка.

Во сите трки, во машка конкуренција доминираа Кенијските маратонци. Гевгелискиот маратонски тим го претставуваа тројца натпреварувачи од АК „7-ми Ноември“, Тодор Анчев и Ангел Делиќ во машка конкуренција и Валентина Узунова во женска конкуренција.
 
Во полумаратонската трка, Тодор Анчев, од вкупно 404 финишери, заврши на одличното 37 место, Валентина Узунова во женска конкуренција, заврши на 87 место , додека Ангел Делиќ, на 5 километри беше 73-ти во конкуренција на 401 натпреварувач..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *