НА 2 МАЈ 1903 ГОДИНА ВО СЕЛОТО СМИЛЕВО, ДЕМИРХИСАРСКО, ЗАПОЧНАЛ СО РАБОТА ЛЕГЕНДАРНИОТ СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС

WEB Телевизија во живо

Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание. На денешен ден 2 мај 1903 година започнува со работа легендарниот Смилевски конгрес. Конгресот се одржува во родното село на Даме Груев- Смилево. 

На него учествувале 32 делегати, под претседателство на Дамјан (Даме) Груев. За обезбедување на Конгресот биле ангажирани околу 2000 вооружени лица; на пристапите кон Смилево биле поставени засилени стражи, местото го обезбедувала селската милиција, а врските со револуционерните центри ги одржувала курирска служба. 

Бил усвоен Востаничкиот дисциплински устав и била воспоставена структура од воени и од управни тела и биле определени нивните должности до и во времето на Востанието. Целото село било мобилизирано и сите способни мажи од селото биле на борбени позиции за да го обезбедуваат Конгресот. Смилевскиот конгрес трае до 7 мај и на истиот се носи одлуката за Илинденското востание.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *