„MОТОCROSS CLUB GEVGELIJA“ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА ВТОРАТА ТРКА НА МОТОКРОС ШАМПИОНАТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2023

WEB Телевизија во живо

На 14 мај се одржа втората трка од Мотокрос Шампионатот на Македонија 2023 на патеката Орман во Скопје.
Поради обемните врнежи патеката беше тешка за возење и овој нарпревар ќе го запаметат сите кои учествуваа во него.
Нашиот клуб го застапуваа 6 возачи во 4 класи.

Во најсилната категорија МХ1, Саше Трајков извози стабилно и без грешки до подиумот и освои 3 место.
Во класата МХ, Димитар Маџунков со само 5 тренинзи после повредата со која се здоби на натпреварот во Гевгелија (скршено рамо) со инзворедно возење го освои второто место.
Во класата МХ Јуниор, Огнен Тодоров со победа и во двете трки постигна највисок резултат во клубот со освоено прво место.
 
Во класата МХ2 каде што конкуренцијата беше најбројна, Васко Киров заврши на 5 место додека Иван Цековски не успеа да ја заврши трката поради технички проблеми со моторот.
Во класата МХ, Милан Стојанов после 11 месеци пауза поради повреда се врати на натпреварувањето. После падот во втората трка заврши на 10 позиција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *