МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, КУЛТУРА, СПОРТ, НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА НА ЈАПОНИЈА ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ И ПОСТДИПЛОМЦИ ОД МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Јапонската амбасада во Република Македонија испрати објава за стипендијата која секоја година се доделува на студенти и постдипломци од нашата земја од страна на Министерството за образование, култура, спорт и наука на Јапонија.
 
Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за:
 
1) Истражувачка студентска програма
2) Додипломска студентска програма.
 
Потребната документација треба да се поднесе на англиски јазик или со официјален превод. Скенираните документи треба да се испратат до contact@sk.mofa.go.jp (мејл не поголем од 10MB) оригиналните документи и две копии се поднесуваат до Амбасадата на Јапонија.
 
26 мај 2023 г. е крајниот рок за поднесување на оригналната документација до Амбасадата на Јапонија на адреса Филип Втори Македонски 3, Соравиа Центар, кат 6, 1000 Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа предвидени за во средината од месец јуни.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *