МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

WEB Телевизија во живо

Мај е месец на два важни датуми за медицинските сестри – 5 мај Меѓународниот ден на акушерките и 12 мај Меѓународниот ден на медицинските сестри. Оваа година Неделата на сестринството се одбележува под мотото „Медицинските сестри-глас што води.
 
Љубов кон професијата и посветеност се можеби најважни но не и доволни за да се биде професионална медицинска сестра. Потребно е многу знаење, висока стручност и желба секогаш да се научи повеќе. Одговорност и темелност во работењето. Комуникациски и организациски вештини. Физичка кондиција и емоционална стабилност. Хуманост, емпатија, морална и етичка одговорност. Сестринството е професија во која треба да се вложи многу за да се постигне крајната цел, да се пружи квалитетна нега на болните.
 
Пандемијата со ковид-19,на почетокот на 2020 година, го смени светот: начинот на кој живеевме, на кој се дружевме, работевмее, комунициравме едни со други и начинот на кој обезбедувавме здравствена нега. Тоа ја зголеми видливоста на медицинските сестри како никогаш порано и стана јасно дека медицинските сестри и акушерки се рбетот на секоја здравствена установа.
 
Телевизија Нова 12 на сите медицински сестри од Општата болница со проширена дејност во Гевгелија им го честита Меѓународниот ден на сестринството, им посакува добро здравје пред се и издржливост во благородната мисија што секојдневно ја имаат, грижејќи се за нашето здравје, но пред се и за здравјето свое и на своите најблиски.
 
Меѓународниот ден на медицинските сестри се прославува во целиот свет секој 12 мај на годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел, основач на модерната професија на медицинската сестра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *