И ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ГЕВГЕЛИЈА УЧЕСТВУВАА НА РЕГИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ СРЕДБИ НА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОХРИД

WEB Телевизија во живо

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија денес во спортската сала и полигонот во ООУ „Св.Климент Охридски” Охрид се одржаа регионалните спортски игри за Третиот регион за ученици со посебни потреби во основното образование.
На игрите учествуваа ООУ „Св. Климент Охридски“- Охрид, ООУ „Св. Климент Охридски“-Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“- Македонски Брод, ООУ „Браќа Миладиновци“- Струга, ООУ „Страшо Пинџур“- Кавадарци и Дневен центар при ЈУМЦСР -Гевгелија.
Учениците се натпреваруваа во тробој (трчање на 50 м. скок во далечина од место и фрлање ѓуле), полигон, пинг-понг, кошарка и мал фудбал. За ученици до 1-5 одделение беа организирани штафетни игри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *