ГОЛЕМ УСПЕХ НА МУЗИЧКИТЕ АНСАМБЛИ ПРИ СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ НА ДРЖАВНИТЕ МУЗИЧКИ НАТПРЕВАРИ

WEB Телевизија во живо

На годинешниве Државни натпревари по Музичка уметност, во организација на Здружението на музички педагози на Македонија кои ова година се одржаа на 13 и 14 мај во Валандово, учествуваа музички ансамбли од Основните и Средни училишта од цела држава.
 
На сцената поминаа над 1200 млади уметници, пејачи инструменталисти кои со своите ментори вредно работеле преку годината, освојувајќи ги тајните на индивидуалното и заеднички музицирање. Со тоа децата од цела Македонија направија вистински празник на музиката под годинешното мото на натпреварите – VIVALAMUSICA!
СИТЕ музички ансамбли при СОУ Јосиф Јосифовски кои учествуваа на натпреварите освоија високи први награди.
 
• Училишниот хор освои ПРВА награда и со тоа повторно (по 18-ти пат) се покажа како најуспешен училиштен музички ансамбл во Македонија.
• Рок Бендовите “NEBULA” и “UNDISCLOSED” освоија Златни плакети,
• во категоријата за Соло-пеење ученичката Ангела Зафирова освои Прва награда
Ансамблите се претставија под диригентската палка и менторство на професорот Илија Атанасов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *